Да си успешен не значи дека си школуван – Психолог смислил тактика како сè да ви оди од рака

162

Во вашето опкружување често може да слушнете дека некои луѓе не можат да постигнат успех, без оглед на нивните вештини.

Дури и високо образованите и способни луѓе не ја достигнуваат својата цел, до врвот.

Психологот Mel Robins смисли пет чекори за сè да ви оди од рака и да постигнете успех.

1. Цел – за да постигнете одреден успех, треба да имате зацртана цел

Целта не може да биде само во вашите мисли, треба да ја поставите јасно и да ја формулирате. Не само да формулирате, туку дури и образложете сè што може да ви се случи при постигнување на таа цел. Планирајте до го најмалите детали начинот на кој ќе го постигнете тоа.

Пречките кои можат да ви се случат и други околности кои можат да ве погодат.

2. Најдобро е да ги запишете сѐ на хартија, а потоа да се движите чекор по чекор кон остварување на вашите цели

Сè она што сте напишале поделете го на целини, и повторно разгледајте ја секоја целина, за да бидете сигурни во она што го правите.

На тој начин, работата ќе оди полесно, нема да ви се случуваат никакви компликации, бидејќи сè е разработено.

3. Сега кога сето тоа го разработивте, сигурно знаете што ви треба

За да избегнете да чекате и да доцните на работа, подгответе се што ви треба на време. Добрата подготовка е клучот за успехот.

Во колку наидете на проблем, ќе бидете подготвени, а проблемите нема да ви одземат време. Затоа, успехот е загарантиран.

4. Откако ќе испланирате, елаборирате, подготвите сè, треба да одредите и рок за завршување на задачите

Откако ќе го дознаете точниот рок, ќе ви биде полесно да поставите приоритети во вашата работа и прво да ги решите. Во колку немате временско ограничување, веројатно ќе се изгубите меѓу многу обврски и задачи. Времето е клучот за добар успех.

5. Правилото “5 секунди” е многу важно

Што всушност претставува тоа? Ако има момент кога не знаете дали ќе продолжите со работа и акција, сметајте до пет и фрлете се на работа. Тоа е момент на двоумење и мозокот не е сигурен што да прави. Броењето му дава сигнал дека мора да продолжите. Ова ќе ви даде сила и одлучност да ја завршите работата на најдобар можен начин.