Најдобар лек за сите болести на белите дробови – сируп од тегавец

150

Сеедно е дали сирупот од тегавец е направен од машкиот или женскиот тегавец, и во двата случаи делува исто.

Тегавецот (Plantago major и Plantago minor) е скапоцено лековито растение неправедно запоставено и чие време допрва доаѓа. Иако со децении постои природен сируп од тегавец и мајчина душица за кашлица и белите дробови, тегавецот во нашето истражување покажа некои фантастични карактеристики во мешавините со другите лековити растенија.

Во народната медицина, тегавецот обично се користи надворешно, за рани и чиреви, за различните отоци и воспаленија, додека како чај или сируп од тегавец се користи за полесно искашлување, растворање на флегма, за чир на желудникот и за мочниот меур.

Во природата, постои голем и мал, или машки и женски тегавец, кои се разликуваат по листот и цветот. Кој тегавец и да го наберете за сируп нема да згреште. Тие се разликуваат малку по вкус, но нивниот хемиски состав и лековитите својства се исти.

Тегавецот е најдобро да се собере во текот на летото и пролетта, тогаш лисјата можете да ги ставите во салата или во блендер да направите сок (може да се меша со овошје или зеленчук).

Тегавецот има несомнено извонредни лековити својства. Една до две лажици на ден се доволни да блеснете со здравје и енергија.

Традиционалниот рецепт-како се прави сируп од тегавец

Тегавец во форма на сируп се препорачува за сите болни кои боледуваат од болестите на белите дробови, белодробна туберкулоза, оние кои тешко дишат, кашлаат и во градите имаат прекумерна мукозни секрети.

Проверен рецепт за подготовка на домашен сируп од тегавец: земете шише за конзервирање со широк врат, со содржина од 5 литри, а на дно се става 2-3 см добро притиснати и свежо набрани листови тегавец. Преку содржината се истура околу 1 cm темен шеќер, и повторно слој од добро натиснати листови. Така се продолжува наизменично со слоеви на шеќер и лисја додека шишето не е целосно исполнето.

Продолжува на страна 2