Пречувствителните луѓе и нивната супер моќ

388

Научниците се обиделе да откријат зошто луѓето можат да бидат пречувствителни, а сите докази упатуваат на тврдењето дека тие едноставно така се раѓаат.

Jerome Kagan

Психологот Jerome Kagan од Универзитетот Харвард, спровел едно истражување за детскиот темперамент и открил дека скоро 1/5 од децата се раѓаат со многу чувствителен нервен систем кој лесно се возбудува и вознемирува со новите искуства.

Некои се особено осетливи на туѓите страдања, па решаваат да се занимаваат со хуманитарна работа, заштита на животните и зачувување на околината.

Многу од креативните луѓе се исто така пречувствителни и го насетуваат доаѓањето на културните промени уште пред тие да станат видливи за другите. Поради изразените способности да го осетат и разберат туѓото расположение, ним им е многу непријатно во присуство на некоја видно вознемирена личност, дури и ако не ја познаваат.

Подеднакво се чувствителни и на пријатните дразби, па неочекуваните комплименти или срдечниот и љубезен разговор може да им го подигне расположението до небо.

Во продолжение следуваат супермоќите на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите…

1. Способност да бидат преплавени со чувства за помалку од 60 секунди.

2. Неспособност да се „соберат“.

3. Способност да сфатат зошто луѓето нешто не разбираат.

4. Можат да бидат сами со часови или со денови, без да се чувствуваат осамено.

5. Кога велат дека знаат како се чувствувате, тоа го мислат буквално.

6. Способност предлабоко да размислуваат за што било.

7. Способност да ги чујат „внатрешните звуци“ кои другите воопшто не ги слушаат.

8. Не им паѓа на памет да работат нешто само заради парите.

9. Имаат силна интуиција која најчесто е точна.

Бонус видео