Поголем ризик од инфекции | Една третина од жените се бришат наопаку

2094

Веројатно не сте размислувале за тоа, но начинот на кој се бришете по нуждата може да го зголеми ризикот од инфекции на уринарниот тракт.

Сигурно ќе бидете малку шокирани кога ќе ви кажеме дека, според истражувањата, една третина од жените се бришат “погрешно” по користење на тоалетот, изложувајќи се така на поголем ризик од инфекции.

Според една студија спроведена од страна на Tap Warehouse, 33% од жените се бришат во насока од назад кон напред по извршена нужда, што може да биде опасно. Д-р Лук Полс објаснува дека “уретрата и анусот се прилично блиску, па затоа е подобро да се избрише од напред кон назад.”

Во спротивно, додава тој, поголем е ризикот да “трагите од изметот стасаат од анусот до мочниот канал, кој може да доведе до инфекции на уринарниот тракт.”

Па, ете, ако и вие се бришете “погрешно”, можеби е време да се обидете да ја промените навиката, од здравствени причини.