
Шишето се остава во текот на ноќта покриено, а следниот ден на истиот начин се надополнува, бидејќи содржината на шишето во текот на ноќта слегнува. Ова се повторува сѐ додека шишето не биде целосно пополнето. Сега во градината, се копа дупка на заштитена локација, вратот на шишето се затвора со заштитен трослоен пергамент хартија или целофан (или се полева со восок), шишето се става во јама, се покрива со штица и дополнително да се стави товар од цигла. Во висина на каменот или тулата горниот дел од јамата се проширува и на тоа се става посилна штица.
Конечно остатокот од јамата се затрупува со земја и покрај тоа се забодува штица заради означување на местото.
Шишето сега останува три месеци во земјата, содржината на шишето врие во сируп од тегавец на еднаква топлина на земјата, а од лисјата со помош на шеќерот се излачува сок во форма на сируп од тегавец. По истекот на тоа време шишето се вади од земјата и целата содржина на шишето добро се исцедува, и така добиен сируп од тегавец еднаш се проврива.
Цедење преку ткаенина, како што тоа често се прави, не е препорачливо, затоа што со такво нецелосно цедење остануваат премногу неискористени остатоци. Добиениот сируп се полни во шишиња и добро се затвора.
Сирупот е најдобар домашен лек за сите болести на белите дробови!
Оној кој не поседува двор или градина во него, не може да врши ваков тип на ферментација по пат на рамномерна топлина на земјата, затоа треба да го стави шишето на постојано топло место, по можност во близина на шпорет. Колку повеќе топлината е рамномерна поповолна е и ферментацијата. Со прекинувањето на процесот на ферментација со ладење, се јавува помалку вреден, ако не и расипан сируп.
Доколку е потребно, децата земаат од сирупот неколку пати на ден со кафена лажичка, а возрасните со супена лажица.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















