Истражување | Со какви активности мажите најчесто “ги покриваат” изневерите

651

Дами, запрашајте се – ако саканиот ви вели дека оди да игра голф, најверојатно има вонбрачна афера.

Според резултатите од новото истражување тоа е најчестото оправдување на швалерите, пишува в “Дејли експрес”.

Анкетата е направено во Велика Британија од сајт за вонбрачни средби меѓу 2000 мажи. Резултатите покажуваат дека 34 проценти од нив ја користат “играта на 18 дупки” (игра на голф), како покритие за авантурите .

Други популарни изговори за прикривање на неверство се “бизнис средбите” и “работата до доцна”. Со нив се оправдуваат 29 проценти од швалерите.

Други 13 проценти се обложуваат на “одењето во паб со пријателите”.

Со “посета на салата за фитнес” и “одење до продавница” се правдаат пет и четири проценти од мажите со вонбрачни врски.

Фактот дека швалерите најчесто ги оправдуваат изневерите со игра на голф може и да изненади многумина, но експертот на сајтот за вонбрачни средби – Кристијан Грант, објаснува зошто во тоа нема ништо изненадувачки.

“Кога мажот ќе каже дека оди на голф и ќе игра на 18 дупки, а не на девет, обезбедува неколку часа. Оправдувањата со голфот освен тоа не предизвикуваат толку сомнежи, колку често оправдувањата со деловни состаноци или работа до доцна. Голфот, исто така, е популарно хоби меѓу некои мажи, па поверојатно е во овој случај жените да покажат поголема почит кон приватноста на своите партнери. Кога активностите во слободното време на сопружниците се поврзани со спорт, партнерката поставува прашања поретко, отколку кога љубените соопштуваат дека одат во паб“, вели Кристијан Грант.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.