Како пилингот може да ѝ наштети на кожата

731

Пилингот за лице и тело е популарен и широко користен производ од дамите.

Сите знаеме дека тој ја подобрува циркулацијата и ја прави кожата помека, со тоа што го отстранува горниот слој на мртвите клетки.

Дали сепак стружењето не крие некаква опасност?

Најновото предупредување на експертите гласи дека прекумерната употреба на предметните производи може да ја оштети кожата.

Некои луѓе се подложуваат на многу и чести ексфолирачки процедури, сметајќи дека на тој начин ќе ја детоксикацираат кожа. Во тоа се крие и вистинската закана за кожата, бидејќи ексфолијацијата без потреба може да биде погубна за неа. Исклучок прават само домашните, меки скрабови, кои се повеќе штетни за кожата.

Некоипилинзи кои содржат минерални масла, синтетика (абразивни мониста изработени од пластика) или хемикалии можат да бидат штетни за кожата, особено ако таа е чувствителна. Во случај да по кожата има модринки или рани, треба да се избегне триењето со маска која содржи сол, бидејќи тоа ќе ја влоши состојбата.

Горниот слој на кожата претставува заштитна бариера. Премногу честиот пилинг ќе ја наруши оваа бариера и ќе ја направи кожата почувствителна кон ултравиолетовите зраци. Тоа од своја страна може да доведе до осип и изгореници. Исто така кремовите, користени како маска, може да ги блокираат порите и да предизвикаат цисти и инфекции на фоликулите на косата.

Според некои здравствени експерти, кога кожата е сува и се бели, треба да користите хидратантен производ како кокосово масло, на пример, наместо пилинг. Честото триење на кожата може да доведе до воспалителна хиперпигментација што ќе предизвика затемнување на делови на кожата.

Користете маска еднаш неделно или на десет дена. Најдобро избирајте производи со природни состојки како шеќер, сол, масло, мед, јојоба и авокадо. Експертите советуваат дека човек треба да го избира пилингот според типот на својата кожа, нејзината чувствителност и фреквенцијата на користење на козметичкиот производ.

Колку помали се честичките содржани во маската, толку попријателски се кон чувствителната кожа.Може да го пробате следниот домашен рецепт за пилинг: во кокосово млеко додајте струготини кокос. Исто така може да користите шеќер наместо сол, бидејќи тој има заоблени рабови, погодни за чувствителна кожа. Овесот ја навлажнува кожата и го намалува воспалението.