Јагоди – членови на фамилијата рози

44

Јагодите се овошје на коешто ретко кој може да му одолее.

Покрај тоа што се вкусни, тие се и богат извор на витамини и минерали. Освен што може да се консумираат свежи, јагодите неретко се употребуваат и во торти и сладоледи.

Колку и да ги обожавате, сигурно не сте ги знаеле овие неколку факти за нив.

1. Јагодите се единственото овошје на коешто семето му е надвор. Една просечна јагода на себе содржи околу 200 семки. Затоа, не е воопшто чудно што со само еден залак веќе ги чувствувате семките на вашите заби.

2. Јагодите не се вистински бобинки, како што се боровинките, па и грозјето.Всушност, за бобинките е карактеристично семето да им е внатре во плодот.

3. Јагодите се членови на фамилијата рози. Приближете им се на јагодите додека се на растенијата и ќе видите дека покрај тоа што се вкусни, тие мирисаат и многу слатко.

4. Растението јагода е перманентно. Ова значи дека ако го засадите сега, тоа ќе ви трае и идната година, па и понатаму. Не може да роди плод уште веднаш, но кога ќе го направи тоа, ќе остане продуктивна за околу пет години.

5. Во Белгија има музеј посветен на јагодите. Во продавницата за сувенири во Le Musée de la Fraise (Музејот на јагодите), можете да купите сè што е од јагода!

6. Домородното население во Америка знаело за јагодите многу одамна, пред истите да пристигнат во Европа. Како овошје коешто пристигнува прво во пролетта, тие ги користеле јагодите за лекување, ги јаделе свежи или пак ги печеле во пченкарен леб.

7. Старите римјани сметале дека јагодите имаат лековита моќ. Тие ги користеле за лекување депресија, температура, камења во бубрезите, болки во грлото и слично.

8. Во Франција се верува дека јагодите се еден вид афродизијак. Така, на младенците на традиционалниот свадбен појадок им се служат јагоди во вид на слатка крем супа.

9. Се верува дека јагодите помагаат во намалување на срцевите заболувања и во заболувањата од одредени видови рак. Тие немаат многу калории, а богати се со витамин Ц, Б6, калиум, растителни влакна, фолна киселина и аминокиселини.

10. Јагодите содржат високо ниво нитрати. Ова се покажува со тоа што јагодите го зголемуваат протокот на крв и кислород до мускулите. Истражувањата покажале дека луѓето коишто консумирале јагоди пред вежбање имале поголема издржливост и согорувале повеќе калории.

11. За да ги зачувате јагодите свежи, измијте ги и отстранете им ја дршката.Сепак, ако планирате да ги чувате во фрижидер неколку денови, мијте ги токму пред да ги јадете, затоа што миењето го забрзува расипувањето.

12. Јагодите исто така може да бидат кисели. Ова особено важи ако се презреани. Сепак, искористете ги и направете си џем сладок џем од нив.