Некои научници стравуваат дека како што климатските промени го загреваат Арктикот, топењето на вечниот мраз може да ослободи антички вируси кои не биле во контакт со живите суштества илјадници години, што значи дека растенијата, животните и луѓето можеби не се имуни на нив.
Научниците ги оживеале античките зомби вируси од вечниот мраз и откриле дека тие сè уште можат да заразат живи едноклеточни амеби. Звучи како заплет од хорор филм, но всушност е вистинско научно откритие.
Шансите овие древни вируси да заразат животни или луѓе остануваат нејасни, но научниците нагласуваат дека вирусите на вечниот мраз треба да се сметаат као закана за јавното здравје.
Проблемот со топење на вечниот мраз
Вечниот мраз е слој почва кој останува целосно замрзнат во текот на целата година, или барем така било пред климатските промени предизвикани од човековата активност. Вечниот мраз покрива околу 15 проценти од копното на северната хемисфера на Земјата.
Сепак, поради споменатите климатски промени, вечниот мраз брзо се топи, откривајќи мноштво антички остатоци, од вируси и бактерии, до волнени мамути и беспрекорно сочувана пештерска мечка.
Научниците добиле можност да проучуваат мечка заробена во сибирскиот вечен мраз цели 3500 години
Враќање на вирусот во живот
Францускиот професор Jean-Michel Claverie на неколку локации на вечниот мраз во Сибир пронашол соеви на замрзнат вирус стар 48.000 години, пишува CNN.
Најстариот вид, кој датира од пред 48.500 години, дошол од примерок на почва од подземно езеро, додека најмладите примероци биле стари околу 27.000 години. Еден од овие помлади примероци е откриен во остатоците од волнениот мамут.
Некои научници стравуваат дека како што климатските промени го загреваат Арктикот, топењето на вечниот мраз може да ослободи антички вируси кои не биле во контакт со живите суштества илјадници години, што значи дека растенијата, животните и луѓето можеби не се имуни на нив.
Со знаење против стравот
Мора да запомните дека нашата имунолошка одбрана се развива во близок контакт со микробиолошката средина. Ако во вечниот мраз се крие вирус со кој не сме биле во контакт илјадници години, можно е нашата имунолошка одбрана да не е доволна. Правилно е да се почитува ситуацијата и да се биде проактивен, а не само реактивен, а начинот на борба против стравот е знаењето, изјави за CNN, Birgitta Evengård од Umeå University во Шведска.
Сепак, ова не е првпат професорот Claverie да оживее антички вируси или таканаречени зомби вируси, како што тој ги нарекува. Тој ги истражува овие вируси од 2014 година и вели дека освен неговата работа, многу малку научници сериозно ги сфаќаат овие вируси.
Ова погрешно сугерира дека таквите појави се ретки и дека зомби вирусите не се закана за јавното здравје, известуваат Claverie и неговите колеги во нивната најнова студија објавена на интернет во списанието Viruses.
Оживеаните вируси сè уште се заразни
Во таа нова студија, Claverie и неговиот тим успеале да оживеат неколку нови видови на вирусот зомби и откриле дека секој од нив може да зарази култивирана амеба, потфат што треба да се смета и за научна љубопитност и за загрижувачка закана за јавното здравје, рече Claverie.
Вирусите што ги инфицираат амебите ги сметаме за сурогати за сите други можни вируси кои би можеле да бидат во вечниот мраз. Гледаме траги од многу други вируси. Значи знаеме дека се таму. Не знаеме со сигурност дали се уште се живи. Но, нашето размислување е дека ако вирусите на амеба се уште се живи, нема причина другите вируси да не се сè уште живи и да не можат да ги заразат сопствените домаќини, вели францускиот научник.
Истражувањето на замрзнатите вируси, како што е зомби вирусот на Claverie, им помага на научниците подобро да разберат како функционираат овие древни вируси и дали тие потенцијално можат да заразат животни или луѓе. Но, не се работи само за вируси. И древните бактерии би можеле да бидат ослободени и реактивирани за прв пат по два милиони години како што се топи вечниот мраз.
Тоа се случило, сметаат научниците, кога во 2016 година во Сибир имало епидемии на бактериска инфекција со антракс кај луѓето и ирвасите.



















