Козметичкиот режим кај секоја жена се состои од различни чекори. Обично користењето на производите и нивниот тип е усогласен со потребите на секоја кожа, а тие се строго индивидуални.
Шминката која ја нанесуваме врз лицето, исто спаѓа во козметичкиот секојдневен ритуал и макар што користиме некои производи подолго време, понекогаш се прашуваме зошто добиениот ефект не е доволно добар.
Ако ова е честа ситуација и кај вас, тогаш не брзајте да ги замените со друг, туку обрнете внимание на количината која ја нанесувате.
Токму оваа мала подробност е способна да создаде совршен изглед или токму спротивното – да го уништи.
Ви претставуваме листа со козметички производи и точното количество за безгрешниот резултат.
1. Производ за чистење на лице
Љубителите на чувството на свежина, особено по долг и досаден ден. Кога станува збор за производи за чистење на лице, подобро е да не претеруваат многу, бидејќи можете да добиете сува кожа. Најдобра опција е да користите количество колку денар – тоа е доволно за да се исчисти, без оштетување на хидратацијата.
2. Тоник
Тоникот кој ја отстранува акумулираната нечистотија по кожата, дефинитивно не е производ, кој мирно можете да го ставите на раката. На крајот на краиштата, конзистенцијата му е доста течна. Држете се до 5 капки, кои ќе ги поставувате на памук.
3. Серум
Овој производ се фокусира на конкретни проблеми како брчки, темни кругови и широки пори.Бидејќи овие производи се доста концентрирани, ќе ви бидат потребни 3 капки, со кои ќе ги третирате лицето и деколтето. Обично количеството треба да биде не поголемо од грашок.
4. Дневен хидратант
Знаете колку е важно да ја хидрирате кожата откако сте ја исчистиле, затоа не е ретка појава на нанесување на премногу од производот. Иако овој тип козметика мириса одлично, количеството што ви е потребно е многу малку. Нанесете колку мала монета.
5. Крем за сончање
Ова е еден од козметичките производи кои сигурно не треба да пропуштите, освен ако сакате да поминете неколку дена во црвенило и непријатност. За лицето ви е потребно количество колку грашок, а за целото тело – колку што собира една мала чаша.



















