МНОГУ ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Поради орален секс сè потешко е да се лекува опасната полова пренослива болест

281

Поради орален секс сè потешко е да се лекува опасната полова пренослива болест. Нема да знаете дека ја имате, а лесно се пренесува …

Светската здравствена организација издаде важно предупредување за сите кои практикуваат орален секс. Имено, во грлото се сместени милиони бактерии, од кои повеќето се безопасни, но еден вид е сè почест паразит, а не е воопшто бениген. Во зголемување е бројот на пациенти со сексуално преносливата болест гонореја, што се должи на намалената употреба на кондоми за време на орален секс.

Болест која станува сè поотпорна на лекови може да се прошири од грлото на инфицираното лице, а тоа да не е свесно за инфекцијата, бидејќи нема никакви симптоми.

Важно е да се истакне дека во лекувањето гонореја важна е раната дијагностика. Се третира со антибиотици, но поради зачестената отпорност на пеницилин, гонорејата се лекува и со други лекови. При тоа напоменуваме дека во лекувањето на гонококната инфекција не постојат алтернативни опции.

Ако не се лекува, гонорејата може да доведе до сериозни компликации. Кај жените, може да ја зафати матката, јајцеводите и јајниците, а кај мажите простатата и тестисите. Најсериозната последица на неизлечената гонореја е неплодност.

– За контрола на ширењето на оваа болест, потребни нѝ се нови алатки и системи за подобрување на превенцијата, лекувањето, раната дијагностика и сеопфатното следење на заболените, употребата на антибиотици, случаи на отпорност на третмани, рече д-р Марк Спренгер, директор за антимикробната отпорност при СЗО:

– Исто така, уште поважно, потребни нѝ се нови антибиотици, како и брзи дијагностички и прецизни тестови и на долг рок, вакцина со која ќе се спречи гонорејата.

Се верува дека грлото инфекцирано со гонореја е водечка причина за отпорност на болеста на антибиотици, бидејќи бактеријата во грлото е изложена на антибиотици во третманот на други болести. Во целиот свет од сексуално преносливата болест гонореја секоја година се дијагностицираат 78 милиони луѓе. Високо отпорен вид на гонореја, кој се нарекува супер гонореја, забележан е во северниот дел на Англија пред две години. Се испоставило дека не реагира на постоечките лекови.
Во меѓувреме, нови случаи се евидентирани во Јапонија, Франција и Шпанија …