Домаќински совети | Kако да ги зачувате вашите алишта и чевли?

138

Многумина се нашле во ситуаии кога пред излегување се доведат во непријатна ситуација од нивната облека.

Но, затоа со овие лесни трикови ќе можетее да си помогнете да ја сочувате облеката и обувките.

1. Користете сок од лимон и сода бикарбона за да ги отстраните флеките од дезодоранс на маиците и блузите.

2. Ставете го мекиот џемпер во пластична кеса, па во фрижидер 3-4 часа. Потоа ниту ќе се гужва, ниту ќе се заплеткува.

3. Ослободете се од електрицитетот на облеката така што ќе ја избришете со долната страна на обично хартиено марамче.

4. Истутканите рабови можете да ги испеглате и со пегла за коса.

5. Ако случајно ви капне пудра на бела маичка или кошула, нанесете пена за бричење и оставете ја да отстои неколку часа.

6. Доколку погрешивте со изборот на чевлите и земавте потесни од вашиот број, растегнете ги новите чевли така што ќе ставите кеси со вода во нив, а потоа ќе ги ставите во замрзнувач преку ноќ.

7. За да се ослободите од дамките од црвено вино, врз нив истурете бело вино, па неколку лажички сода бикарбона. Оставете 2-3 часа да отстои, потоа исперете.

8. За да го одржите обликот на чизмите, ставете списанија во нив.

9, Дамките од кармин најлесно се чистат ако ги испрскате со лак за коса

10. За да ги избегнете плускавците од новите чевли, облечете ги најдебелите чорапи кои ги имате, па така ставете ги нозете во чевлите. Загревајте ги со фен неколку минути, разгазете, па повторно загревајте. Повторете ја постапката неколку пати.

11. Разлабавените очила за сонце премачкајте ги со лак за нокти.

12. Плишаните чевли или оние од превртена кожа најлесно ќе ги исчистите со гума за бришење.

13, Користете брич за да ги отстраните топчињата кои се прават на џемперите.

14, Измешајте детергент и сода бикарбона со малку вода во еден сад. Потоа смесата нанесете ја со стара четка за заби на гумата од патиките. Така повторно ќе ја вратите белата боја.