Giorgio Agamben – “Nudita”

254

“Би сакал на ова место да ви предложам една поинаква дефиниција на современоста: современ е оној кој го втренчува погледот во своето време не за да ја види светлината, туку за да ја согледа темнината. Сите времиња, за оној кој ја искусува и искушува современоста, се темни. Современ е, всушност, оној кој знае да ја види затемнетоста и, при тоа, кој е во состојба да пишува со перо натопено во темнината на сегашноста.

Современ може да биде единствено оној кој не се препушта на тоа да биде заслепен од светлата на векот и кој успева во него да го согледа влогот на сенките, нивната интимна темнина. Не ли е темнината некое безимено и по дефиниција непробојно искуство, кое не е насочено кон нас, па, следствено, не треба да нѐ засега? Зошто треба да нѐ засега успешното перцепирање на темнината? Затоа што современ е оној кој ја перцепира темнината на своето време како нешто кое многу го засега и што не престанува да го интерпелира, како нешто кое, повеќе од кое било светло, му се обраќа нему.

Современ е оној кому пред лицето му се распрснува сноп на темнина, што доаѓа од неговото време. И така, на своето време навистина му припаѓа. Современ е, оној кој не се прилагодува на барањата на своето време, па, во таа смисла е неактуелен, но токму заради таквото издвојување, заради таквата дистанца и дисхронија, способен е повеќе од кој и да е друг да го перцепира и сеопфатно да го согледа своето време. Таквиот несинхроницитет со своето време не значи некаква носталгија за некое друго време. Напротив, значи разборитост да се презре своето време, но во секој случај неотповикливо да му се припаѓа – да се знае дека од своето време не може да се побегне.”

Giorgio Agamben, “Nudita”