РОДИТЕЛИ, ВНИМАНИЕ  Што нѝ кажуваат детските цртежи

270

Детските цртежи се одраз на нивните емоции, потреби, желби, стравови, очекувања и начинот на нивното изразување и комуникација.

Децата почнуваат да цртаат во моментот кога ќе сфатат дека можат да држат молив или боичка во рака и да ја потпрат на хартија. Цртањето претставува најголем дел од детското творење во првите години од животот и активност во која децата многу уживаат.

Детските цртежи се уникатни и карактеристично го одразуваат типичното детско разбирање на светот. Во цртежите детето ги проектира своите чувства, потреби, желби, стравови, намери и очекувања.

Тоа, всушност црта за да ги изрази многуте различни емоции кои не може да ги изрази со зборови. Цртањето на тој начин станува начин на израз и комуникација, исто како и играта.

Понекогаш детските цртежи ги гледаме само како нивна игра на хартија. Сепак, со анализа на цртежот можеме да го откриеме начинот на кој најмладите размислуваат и како тие се чувствуваат во даден момент.

Исто така, важно е да не претерувате со дешифрирањето, туку да му дозволите на детето да ви објасни што за него претставува неговото ремек-дело. Поставувајќи му прашања како на пр.”Што прават луѓето кои ги нацрта”, можете многу да откриете за вашето дете.

Постојат три фази на детските цртежи: фаза чкртање, фаза симболичко цртање и фаза на реален цртеж.

Продолжува на страна 2