-
Фаза на чкрабање (2-4 години)
Првата фаза е фаза на чкртање. Детето почнува да шара така што прво, играјќи си со хартија и молив или креда, го влече моливот по хартијата, го движи од една во друга рака и разбира дека моливот остава трага, и тоа уште повеќе го поттикнува за понатамошна игра. Тие шари, сами по себе немаат никакво значење, бидејќи за детето се само практикување моторни вештини. Сепак, може во оваа фаза децата да создаваат нешто што се нарекува “случаен реализам”. Потоа од нивните шари се распознаваат одредени форми, кои, на пример, личат на автомобил или куќа.
-
Фаза на симболично цртање (4-7 години)
Во оваа фаза, детето се обидува да го претстави она што го гледа. Па така обично црта наједноставни нешта, како што се лица, автомобили, камиони, дрвја, куќи. На овие цртежи обично нема реалистицни детали. На крајот на оваа фаза, децата додаваат некои работи кои ги дополнуваат нивните цртежи, како што се цвеќиња под куќата или облека.
-
Фаза на реалистично цртање (7 + години)
Во оваа фаза на цртежите се појавуваат шеми. На пример, цртеж на океанот може да ги содржи галебите, топка за плажа, морска ѕвезда, луѓето кои носат костими за капење и слично. Детето може да додаде зборови и симболи, кои дополнително би објасни што цртежот претставува. Цртежите на луѓе ќе имаат повеќе детали, па така, на лицето, детето може да додадете пеги. Исто така, цртежите се многу посериозни и пореални, нацртани од различни перспективи.
Продолжува на страна 3


















