РОДИТЕЛИ, ВНИМАНИЕ  Што нѝ кажуваат детските цртежи

3157

Еве неколку совети како да го охрабрите детето да црта колку е можно повеќе:

  • Цртањото, покрај играта, да биде дел од активностите на вашите деца. Овозможете му на вашето дете различен избор на прибор за цртање, како боички, фломастери, креда. Исечете хартиени кеси, за да може да ги користите за цртање. Кога се во прашање помалите деца, понекогаш е корисно со селотејп да го залепите листот за да се спречи движењето додека цртаат. Постарите деца, исто така, можат да користат темпера, ножици и лепило. Обезбедете им некоја ваша стара маица да ја носат додека цртаат и раширете весници или стара мушама преку масата за да остане чиста.
  • Не претерувајте со инструкциите. Дозволете му на вашето дете да експериментира и самостојно да ја изрази својата креативност. Таквата независност на детето му е потребна да стекне доверба во себе и во своите способности. Сѐ што како родител треба да направите е да седнете веднаш до вашето малечко, да гледате во него додека црта и да уживате во неговата креативност.
  • Обрнете внимание на процесот, а не само на резултатот. Приклучете му се на вашето дете додека црта, наместо само да го пофалите ако нешто убаво нацртало. Помогнете му да нацрта комплицирани работи или изберете заедно соодветни бои за куќа или дрво. Поттикнете ги нивните напори и желба да нацртаат мали ремек-дела.
  • Помогнете им на децата преку визуелна уметност да ги искажат силните емоции. Ако детето е луто за нешто, да пренесе такви емоции на хартија и нацрта луто лице. Креативните активности, понекогаш можат да им помогнат на децата да ги изразат и да ги разберат емоциите, кои се премногу интензивни за да ги изразат со зборови.
  • Закачете ги цртежите на детето на видно место во куќата. Така ќе му покажете дека неговата работа е важна и ценета.

Извор: novakdjokovicfoundation.org/sr

Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ

Споделете со вашите пријатели!