Győri Audi ETO KC третпат по ред европски првак!

197

Oва е петта титула во шест години за „зелените“ од Ѓер, со што се една најдоминантните екипи во историјата на женскиот клупски ракомет.

Унгарскииот Ѓер трета година по ред е европски првак во ракомет во женска конкуренција, откако во финалето на шестиот „фајнал-фор“ во Будимпешта го совлада Ростов-Дон со 25-24 (15-11).

Финалето започна со брза игра и послаби одбрани. Виахирева беше предизвик за Лејно, а Аморим одлично со два погодоци го започна натпреварот. Девојките на Мартин се наметнаа и преку Абинг и Виехурева дојдоа до +2 на средина од првиот дел.

„Жолтите делуваа“ помотивирано, позрело и се наметнаа во централната фаза на првиот дел. Сепак, ветеранката Гербиц и Офтедал прават пресврт и во 24. минута „зелените“ го вратија водството (11-12). Залетаните Унгарки го искористија моментот и на одмор заминаа со +4.

На почетокот од вториот дел Кузнецова одговори на головите на Аморим, но Ѓер одржуваше 4-5 гола предност. Во 37. минута Нике Грот, кога го сруши рекордот и со 57 гола стана најдобар стрелец во историјата на Ф4-турните, заработи директен црвен картон, откако судиите со посредство на ТВ-снимката се одлучија за драконска казна.

Но, екипата која ја водат Данји и Зовко имаше милион адути. Се разигра Братсет и предноста на половина од вториот дел се зголеми на +5. Аморим и Гербиц ја презедоа одговорноста и со клучни голови го приведоа натпреварот кон крај.

Двата тренери се обидоа со тајм-аути да го пробијат ритамот, но Ростов-Дон не се доближи и мораше да му ја стегне раката на подобриот. Абинг со ефектен гол намали на 23-25, а потоа на 25 секунди до крајот од седмерец намали на 24-25. Унгарките брзоплето погрешија и Ростов имаше напад за реми и пенали, но Гримзбо одбрани со звукот на сирената и со победа до 24-25 започна домашното славје.

Најдобри поединци во тимот на Ростов-Дон беа Макаева со пет и Абинг со седум гола, а кај Ѓер се истакнаа Аморим со седум и Гербиц со шест погодоци.