Феноменална техника | Научете ги децата да цртаат со помош на бројки | Видео

2482

Објавено 08.03.2015. Прочитано 25 257 пати

Речиси и не постои дете кое не сака да игра улога на уметник. Доволно е да им дадете на вашите деца хартија и молив и тоа ќе им го привлече вниманието за долго време.

А ако им подготвите и некои боички, ви останува само да ја набљудувате нивната креативност и да се забавувате заедно со нив. Сепак, постои начин како да се поврзе учењето и забавата.

Многу цртежи можат фантастично да се нацртаат со помош на броеви, што е идеален начин за вашето дете да научи и да црта и да брои. Добро за децата е преку забава и игра да усвојат многу идеи и да ја вежбаат раката.

Погледнете ги овие цртежи, и обидете се да ги нацртате со вашите малечки. Ќе ви биде забавно вам и ним!

(NN, atma.hr)