Како да ја “рестартирате“ врската?

1411

Понекогаш љубовта едноставно се лизга од врската. Партнерите се оддалечуваат секој во своите обврски и секојдневни проблеми. Близината се распаѓа. Следува разделба

Но, ако се уште мислите дека има надеж, ако љубовта оставила мала дупка , која се уште не сте ја затвориле – отворете ја пошироко!

Еве како да ја вратите близината меѓу себе:

Закачкајте се

Нема ништо покохезивно од тоа да се закачате како вљубени тинејџери. Љубовните искри најлесно се детонираат под звуците на смеата, игрите, бркањето, закачки. Така љубовта се враќа најлесно и е чувствувана како никогаш да не ве напуштила.

Допирајте се, не ги кријте чувствата

Допирот е страшно важен за една врска. Особено за жените да бидат допирани нежно надвор сексуалната игра, е од огромно значење. Невиниот допир на рацете, по образите, по косата стануваат гестови кои драстично го намалуваат растојанието и ја враќаат искрата назад меѓу вас.

Спијте поблиску

Сонот е таинство кое нè прави поблиски, особено кога спиеме во една постела. Затоа ако сакате да се заљубите силно повторно како претходно, важно е да се потрудите да спиете поблиску еден до друг, без разлика дали сте ја изгубиле оваа навика.

Одете заедно на одмор

Важно е да одите сами двајцата на одмор. Со пријатели или со децата е сосема поинаку. Така нема да се почувствувате блиски повторно како порано. Важно е да сте сами и да си го подарите целото време на светот.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2