Заблагодарувајте се
Кажувајте си “благодарам”. Секогаш кога едниот заслужува благодарност е добро да го слушне тоа. Не мислете дека тој си знае по претпоставка, бидејќи тоа не е така. Зборовите се посилни од сè во една врска. Гестовите се исто така важни. Со нив можете да посведочите благодарност не помалку од зборовите.
Правете комплименти
Давајте си пофалби. Покажете дека и вие ја одобрувате неговата личност, надворешност, постапки, мисли. Кога партнерите знаат дека имаат одобрение на другиот, работите одат многу полесно.
Правете изненадувања
Изненадувањата ја одржуваат љубовта. Така ќе си покажете дека повторно мислите еден за друг, дури и кога не сте заедно. Дека за вас е важно да го израдувате другиот и да се види насмевка на неговото лице.
Радувајте се на страстите на партнерот
За да нагласите интерес кон личноста на вашиот партнер е од големо значење да сте заинтересирани за неговите страсти, хобија, омилени активности, интереси. Колку повеќе внимание одделувате на она што го сака, толку повеќе љубовта меѓу вас ќе се враќа. Истото важи и за спротивната страна.
Направете нешто заедно
Ако сакате да ја рестартирате врската препорачливо е да направите нешто заедно. Не е важно што ќе биде точно, најважно е да сте само свои и да сте го направиле апсолутно заедно, а не едниот повеќе, другиот помалку.
Дали ќе е поправка, купување на нов мебел, преземање на некој чекор – не е важно. Обединувањето како целина е важно.
Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















