Најголемата љубов во неговиот живот ! Единствената жена што ја сакал Freddie Mercury | Фото/Видео

172

На 24 ноември 1991 година, нè напушти Freddie Mercury (вистинско име Farrokh Bulsara), еден од најдобрите музичари и пејачи на сите времиња.

Само најверните фанови на Queen знаат дека Mary Austin била единствената жена што Freddie Mercury ја сакал. И покрај неговата сексуална ориентација, но и долготрајната турбулентна врска со Jim Hutton, кон крајот на животот, британскиот музичар признал дека Mary е љубовта на неговиот живот.

Тогаш не е изненадување што во ноември 1991 година и оставил половина од своето богатство од 75 милиони фунти, вклучително и куќа од 20 милиони фунти во Западен Лондон, како и голема задача.

Последната желба на Freddie била да биде кремиран, а Mary да ги положи неговите останки на тајна локација која никогаш нема да биде откриена.

Тој се плашел дека неговиот гроб ќе биде осквернавен од верниците доколку биде откриено неговото последно почивалиште, па таа задачата ја презела со голема сериозност.

Две години ја чувала неговата урна во својот дом, а потоа еден ден скришум излегла од домот со лага дека оди на третман кај нејзиниот козметичар. Наместо тоа, таа се упатила во непознат правец и ги одложила неговите посмртни останки на место кое се уште е непознато за неговото семејство. Mary е жена на која Freddie ѝ верувал без резерва.

Тие се запознале кога биле многу млади и без пари – таа имала 19 години, а Freddie пет години постар и штотуку ја започнал својата ѕвездена кариера.

Никогаш не сум сретнала некој како него. Беше многу самоуверен, што јас никогаш не бев, признала Mary.

Таа станала негова најдобра пријателка и љубовница, а заедно почнале да живеат во скромен еднособен стан. Во 1973 година, времето кога е објавен деби албумот на Queen, тој ја запросил. Иако ја сметал за своја сопруга, тие никогаш не се венчале.

Mary го придружувала на турнејите и му давала голема поддршка дури и кога тој и признал дека сака мажи.

Имал многу пријатели кои биле со него само за бесплатни билети, бесплатна храна, бесплатни пијалоци, бесплатни лекови и скапи подароци, изјави таа во едно од ретките интервјуа.

Таа верува дека тој ѝ верувал затоа што била поинаква. Таа е една од ретките луѓе кои вистински го сакала и не барала материјална отштета за возврат.

Затоа таа била меѓу ретките луѓе на кои тој им признал дека е ХИВ позитивен веднаш по неговата дијагноза во 1987 година, но и личноста која четири години подоцна го држела за рака на неговата смртна постела.

По смртта на Freddie, Mary Austin била неутешна. Само синовите Richard и Jamie можеле да и донесат насмевка на лицето. Се омажила и се разведувала двапати, бидејќи никој не можел да ја пополни празнината што Freddie ѝ ја оставил во срцето.

Филмот „Bohemian Rhapsody“, делумно зборува за љубовта на Freddie Mercury и Mary Austin. Улогата на британската музичка ѕвезда ја доби американскиот актер Rami Malek кој доби Oscar за најдобар актер, додека Mary ја толкуваше Lucy Boynton.

Како навистина чувствувала Mary Austin за Freddie Mercury, погледнете во видеото на YouTube.