Психолошкото расположение и меморијата се суштински поврзани, објаснуваат научниците.
Депресијата може да придонесе за губење на меморијата и обратно, открија научниците кои следеле речиси 8.200 Британци во текот на две децении.
Научниците откриле дека линеарната промена во депресивните симптоми придонесува за забрзано губење на меморијата кај испитаниците постари од 50 години. Нивната просечна возраст била 64 години.
Но, не само што депресијата влијае на меморијата, туку и обратното е точно, заклучиле научниците во студијата објавена од American Medical Association.
Побрзата промена во меморијата е исто така реципрочно поврзана со побрза промена на симптомите на депресија со текот на времето, според американските и британските научници.
Тимот вклучил научници и лекари од University College London, University of Rochester Medical Center и Sussex Medical School.
Психолошкото расположение и меморијата се суштински поврзани, објаснуваат истражувачите, истакнувајќи дека иако когнитивната дисфункција претходно била поврзана со депресијата, насоката на врската не е јасна.
Учесниците во студијата биле испитувани секоја втора година од 2002 до 2019 година со тестови за меморија и вербална флуентност и проценки на симптомите на депресија според Center for Epidemiological Studies.