Еве зошто сапунот за капење е штетен за здравјето

89

Хемикалиите во геловите за туширање ја нарушуваат природната рамнотежа на бактериите на кожата која ја штитат од појава на акни и екземи, додека контактот со нечистотија прави да ги препознаат штетните бацили.

Пред појавата на разни гелови за туширање и сапуните, луѓето живееле поздраво. Се миеле со вода и евентуално со сапун кои сами го правеле, но денес поголем број на луѓе тешко им е да замислат секој ден да не се истушираат или капат во када.

Со таа навика се уништува имунитетот и се нарушува природното ниво на бактерии на кожата кои не се таму без причина. Тие, ако не се нарушени во допир со нечистотијата ги препознаваат штетните бактерии и кожата ја штитат од акни и екземи.

– Човечкото тело има милијарда бактерии како на кожата, така и во цревата, а нивната природна рамнотежа е многу важна за нашето здравје. Редовниот контакт со нечистотијата учи да се препознае заедницата на бакерии кои се лоши, а кои не се. Единствено што препорачувам за користење е благ сапун од органски состојки, рече гастроентерологот Робин Чуткан.

Таа додаде дека голем број антибактериски сапуни се преполни со јаки хемикалии кои ја нарушуваат рамнотежата на бактериите на кожата и дека миењето со вода сосема е доволно.

Единствени места кои би требало да се насапунат со органски сапун се деловите под пазувите и препоните.

Чуткан тврди дека причина за болестите не е нечистотијата, туку убивање на добрите бактерии и дека дезинфекцијата на рацете со помош на разни гелови и влажни марамчиња е подеднакво непотребна.