Вештините на вагината

1757

Женската вагина е исклучително сложен орган. Тој може да зборува многу и тоа прилично елоквентно за женското здравје и состојбата на организмот на една жена.

Но, што уште може да прави нашата вагина?

Вагината може да се чисти сама

Не мислете дека секој вагинален исцедок е знак на болест или инфекција. Белиот транспарентен вагинален исцедок без мирис е начинот на кој вагината се самопрочисутва од бактерии и мртвите клетки.

Вагината може да ја менува бојата

Не се плашете ако вагината ви ја смени бојата. Ова исто така во некои случаи е сосема нормално. По сексуалниот однос, на пример, вагината може да добие темно црвена кон пурпурна нијанса. Ова не треба да ви пречи, бидејќи е нормално имајќи ја предвид зголемената циркулација на половите органи за време на секс.

Исто така за време на менопаузата вагината може да добие бледа боја поради климактеричните полови хормони во оваа возраст.

Вагината може да се зголемува

Вагината ги менува димензиите со времето. По раѓање таа може да се зголеми, како и при сексуален однос повторно поради исполнување со поголема количина крв.

Вагината може да стане посилна

Ова може да се направи со помош на вежбите на Кегел за тесни вагинални мускули. Вежбите за зајакнување на карлицата исто така помагаат за затегнување на вагината.

Продолжува на страна 2