Каде во светот е најтешко да се биде дете, а каде не?

1666

Најдобри земји за живеење на децата се Словенија и Норвешка, според извештај на организацијата Save the children.

Детството е многу важен дел од животот затоа што тогаш се формираме и стануваме она што ќе бидеме во подоцнежните години. Детството треба да биде период без грижи, но за многумина за жал не е така.

Во извештајот се нагласува дека за 700 милиони деца во целиот свет детството прерано завршува.

Оваа организација изготви извештај за условите во кои растат децата во 172 држави во целиот свет. Во однос на тоа каков е квалитетот на живеењето на децата, колкава е стапката на морталитет, ухранетоста и слично составена е листа на држави во кои е најдобро или налошо да се биде дете.

Најдобри земји за растење на децата

1. Norway, Slovenia
3. Finland
4. Netherlands
5. Sweden
6. Portugal
7. Ireland
8. Iceland
9. Italy
10. Belgium, Cyprus, Germany, South Korea

Најлошите земји за растење на децата

1. Niger
2. Angola
3. Mali
4. Central African Republic
5. Somalia
6. Chad
7. South Sudan
8. Burkina Faso
9. Sierra Leone, Guinea

Тоа што е изненадувачки е дека САД не се влезени во топ десетте најдобри земји за растење на деца, па дури ниту во првите 20, туку се најдоа на 36-то место, а Русија на 38 место.

А нашата мила Македонија е на 69 место!

Од регионов Хрватска е на 29, Грција 30, Босна и Херцеговина 38, Србија 46, Бугарија 49, Црна Гора 50, а Албанија е на 61 место.

Повеќе информации можете да добиете на следниов линк: www.savethechildren.org