
Жената, столбот на семејството и изворот на живот за човечкиот род со себе има неверојатна сила, која за жал голем број припаднички на понежниот пол се уште ја немаат откриено, пред се поради тоа што ја бараат на погрешни места, надвор од себе, во лажните вредности кои денес на големо се пропагираат.
Следуваат 25 знаци кои покажуваат дека жената навистина се поврзала со својата внатрешна моќ:
1. Имате мислење за многу работи и едноставно морате да го поделите со другите.
2. Го мислите она што го кажувате и го кажувате она што го мислите. Не ве интересита онаа теза „Мажите се од Марс, жените се од Венера“.
3. Нема први да почнете кавгата, но секако нема да се повлечете, Вашите аргументи се цврсти.
4. Имате мошне високи стандарди за личностите кои ќе одлучите да ги пуштите во своја близина и не се плашите да ги оставите, оние кои тие критериуми не ги исполнуваат.
5. Имате дури и повисоки стандарди за секоја личност, која сака да биде со вас во романтичен однос.
6. Повеќе сакате работите да ги направите на свој начин и да доживеете несупех, отколку да успеете со тоа што ќе им угодувате на другите луѓе.
7. Не поднесувате драма, но ќе се заложите за себе, доколку ситуацијата тоа го бара од вас.
8. Сакате да бидете главни, да ја преземате контролата и правите се за да се чувствувате моќно, но притоа внимавате таа моќ контруктивно да ја користите.
Продолжува на страна 2


















