Луѓе со оваа крвна група имаат најмалку шанси за срцев удар

1621

Истражувачите од Универзитетскиот медицински центар Гронинген во Холандија споредиле податоци од повеќе од 1,3 милиони луѓе. Откриле дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај крвните групи А, Б или АБ е девет проценти поголем отколку кај луѓето со крвна група 0.

Експертите веруваат дека овие луѓе имаат поголемо ниво на протеини за згрутчување на крвта, што може да заглави вена, а тоа е една од главните причини за срцев удар. Исто така, луѓето со крвни групи А, Б и АБ имаат поголема веројатност да имаат повисок холестерол, како и повеќе воспалителни процеси.

– Во иднина, крвната група треба да се смета како ризик во спречувањето на кардиоваскуларни болести, како и нивото на холестерол, возраста, полот и крвниот притисок. Потребно е повеќе истражување за да се идентификува причината за зголемениот ризик кај луѓе со крвни групи А, АБ и Б – објасни водачот на истражувањето, Теса Кол.

Патем, луѓето со крвна група 0 се двојно поголеми шанси да бидат мета на комарци, велат истражувачи од Јапонија. И покрај тоа, луѓето со оваа крвна група имаат најмалку шанси да добијат најсмртоносна форма на маларија – болест пренесена од комарци.

Исто така, поединците кои имаат крвна група 0 се најмногу погодени од стрес, велат од Американската служба за воени ветерани. Тие објасниле дека нивото на кортизол (хормон на стрес) е поголемо кај луѓето од таа група отколку кај другите.