Сортите вина за богата трпеза

1019

На празничната трпеза секогаш се стремиме да направиме совршени јадења приготвени со многу љубов. Нивните богати и разновидни вкусови бараат соодветно винско друштво. Доброто вино сака добра храна.

За да биде празникот незаборавен и секоја храна да остава неповторлив вкус, споделуваме неколку предлози за сорти вина кои може да се комбинираат со одредени видови храна.

Шампањот е совршен со нешто солено. Повеќето суви пенливи вина, како брут шампањско и шпанската кава, всушност имаат слаб допир на сладост. Ова ги прави исклучително освежувачки при комбинирањето со солена храна.

Совињон Бланк оди со сосови за салата кои имаат малку кисела нота. Ако планирате да им принесете на вашите гости јадење во кое ќе има многу свежи билки збогатете ги со бело вино од австриската сорта Грјонер Велтлинер. Неговиот лесен цитрусен мирис прекрасно се чувствува во устата, кога се комбинира со свежи билки.

Каберне Совињон е одлично за сочни црвени меса. Неговите ноти ќе го дразнат непцето при секој залак месо.

Оние од вас кои сакаат на празничната трпеза да има рибни јадења треба да го додадете неверојатниот вкус на Пино Грижо.

Лесните јадења со морски плодови го сакаат вкусот на нежните бели вина, како што Пино Грижо, италијанскиот Арнејс или францускиот Шаблис. За мрсна и тешка риба со повеќе сосови изберете Шардоне.

Продолжува на страна 2