Еве како да ја спасите врската

1353

Ако чувствувате дека врската веќе ви виси на работ, време е да ги земете работите во свои раце.

Тишината и игнорирање на проблемите нема да го задржат вашиот партнер, ниту ќе ве направат среќни. Затоа е време за акција.

Што да направите за да ги спасите односите?

1. Идентификувајте ги проблемите

Нема како да решите еден проблем, ако не сте свесни кој е тој. Разговарајте со партнерот за да ги дефинирате разликите.Утврдете за што се карате најчесто. Дали сте ѝ дозволиле на инерцијата и навиката да ги уништи односите? Не го напаѓајте саканиот, туку ислушајте го внимателно и потоа споделете ги своите забелешки и стравувања.

2. Запрашајте се колку сте посветени еден на друг и дали воопшто и двајцата сакате да ја подобрите врската

Ако желбата е само од ваша страна, а тој не сака да вложува напори, тогаш сте осудени на пропаст. За да се подобрат односите треба и двете страни да работат на тоа.

3. Направете стратегија

Ако и двајцата сакате да ја подобрите врската треба да седнете заедно и да смислите план. Коментирајте кој какви компромиси треба да направи и како да го промени своето однесување, па да живеете во хармонија и да врати искрата меѓу вас.

4. Бидете одговорни

Во врската има две лица, но вие имате контрола само врз сопствените дејства. Откако сте разговарале како да дејствувате за подобрување на односите, преминете кон акција и дајте се од себе за да ги исполните ветувањата. Може само да се надевате дека и тој ќе инвестира исто време, напор и внимание, за да се добијат работите меѓу вас. Бидете трпеливи и започнете со мали чекори, кои со текот на времето ќе доведат до нешто силно.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.