Неодоливо топло чоколадо

62

Чоколадото го стимулира доброто расположение, го поттикнува излачувањето на серотонинот (хормонот “за добро расположение”) во нашиот организам.

Влијае смирувачки и има антидепресивно влијание, а освен тоа – го намалува ризикот од згрутчување на крвта. Во овие студени денови, се што вие потребно е добар рецепт и топол вкусен напиток.

Ние ви го пренесуваме оригиналниот рецепт на најголемиот светски маестро во кујна- Џејми Оливер.

Потребно

  • 4 полни лажички квалитетно какаоimages (1)
  • 3 полни лажички шеќер во прав
  • 2 полни лажички густин
  • 100 г. рендана чоколада по желба
  • 1 лажичка цимет, по желба

Сите состојки добро промешајте ги и сипете ги во стаклена тегла.

Во еден литар млеко додајте 5-6 лажици од оваа смеса и варете на тивок оган додека да ја добиете посакуваната густина. За една шолја ќе ви биде потребно од 200-250 милилитри млеко, во кое ќе ставите една или две лажици од смесата.

По избор, декорирајте со шлаг или цимет.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.