Еве зошто раното станување е штетно за здравјето

1209

Станувањето пред изгрејсонце може да има негативно влијание врз здравјето. За тоа предупредуваат австралиските експерти, цитирани од британскиот “Дејли експрес”.

Научници од Универзитетот на Мелбурн ја истражувале врската помеѓу времето на будење и голем број здравствени проблеми. Истражувачите откриле дека луѓето кои стануваат пред изгрејсонце, страдаат од “социјален синдром на промена на временската зона”.

Со терминот стручњаците ја нарекуваат разликата помеѓу присилното и природното будење.

Кога сонцето изгрева, нивото на мелатонин – хормон кој помага за природното заспивање, спаѓа. Истовремено се зголемува нивото на хормонот кортизол, кој дава енергија на поединецот.

Кога сепак будењето е присилно, а не природно, се евидентираат пречки во функциите на двата хормони. Дебалансот меѓу мелатонин и кортизол е поврзан со зголемен ризик од мозочен удар, срцеви заболувања, дијабетес, депресија, предвидуваат научниците.

За ограничување на опасностите, условени од предметната хормонална нерамнотежа, експертите препорачуваат користење на аларм, кој имитира изгрејсонце, ограничување на кофеинот подоцна во текот на денот и солиден појадок.