“Кога мислеше дека не те гледам …” | Порака до секој возрасен кој е родител или планира да биде

3200

Пораката која што секој возрасен треба да ја прочита, бидејќи децата ги набљудуваат и прават она што тие го прават, а не она што велат:

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов дека ми го закачи првиот цртеж на фрижидерот и веднаш побрзав да нацртам нов.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како нахрани изгубено маче и научив дека е добро да си мил со животните.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како ми ја направи омилената торта за мене и научив дека малите нешта можат да бидат нај специјалните работи во животот.

Кога мислеше дека не те гледам, јас слушнав како рече една молитва и јас знаев дека некаде има Бог, со кого секогаш можам да зборувам и се научив да верувам во Господ.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како приготви храна и ја однесе на пријател кој беше болен и научив дека сите ние треба да си помагаме грижејќи се еден за друг.

Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како оддели од времето и парите, за да им помогнеш на луѓе кои немаат ништо и научив дека овие кои имаат нешто треба да даваат на оние кои немаат.

Продолжува на страна 2