Каков тип на жена сте според месецот во кој сте родени

495

Дознајте кои карактеристики ги имате според месецот во кој сте родени!

Јануари

Дамите родени во јануари се амбициозни, конзервативни и сериозни. Тие сакаат да критикуваат, но не сакаат да зборуваат за своите чувства. Може да се каже дека овие дами се затворени. Понекогаш знаат да бидат многу бесни. Сакаат да се дружат со паметни луѓе и со луѓе со кои имаат исти размислувања.

Февруари

Овие дами се романтични и треба да им се посветува внимание, бидејќи често пати им се случува да имаат промени во расположението. Поголемиот дел од луѓето околу нив не можат да ги разберат. Тие имаат апстрактно размислување. Доколку ги издадете, никогаш повеќе нема да ги видите.

Март

Дамите родени во овој месец се харизматични и шармантни и се многу посветени и лојални. Тие потешко се заљубуваат, но да се биде со нив во врска и да се заслужи нивната љубов е навистина големо задоволство.

Април

Овие дами се дипломати, кои се многу комуникативни, но некогаш знаат да се сожалуваат самите себе. Многу се љубоморни и кога ќе ги изнервирате подобро е да се тргнете настрана. Но, и покрај тоа дамите родени во април мажот кого го сакаат можат да го направат најсреќен. Тие зборуваат за своите чувства и тајни само со луѓето за кои сметаат дека го заслужуваат тоа.

Мај

Дамите родени во мај се упорни и верни на своите принципи. Тие се многу фини и љубезни. Но, сепак имаат еден дел од нивниот карактер кој е навистина тежок и знаат да бидат навистина „опасни“ за мажите кои се заљубуваат во нив.

Јуни

Во јуни се родени дамите кои се креативни и комуникативни, но и многу љубопитни. Тие веруваат дека секогаш треба да се кажува вистината и дека никогаш не треба да им се зборува на луѓето позади грб. Во љубовта се опасни играчи.

Продолжува на страна 2