10 знаци дека страдате од “номофобија“

209

Чувствувате ли силна иритација и вознемиреност, ако случајно сте го заборавиле телефонот дома? Ако е така, тогаш има голема веројатност да страдате од ”номофобија“.

Тоа е научен термин создаден во 2010 година, кој изразува страв од тоа да не останете без пристап до мобилен уред.

Истражувањето објавено во списанието. Computers in Human Behavior, открива дека номофобијата е толку сериозна колку што и стравот од височини. Причината е дека “болните” од неа буквално запаѓаат во паника кога се далеку од својот телефон, бидејќи немаат можност да сурфаат на интернет и да комуницираат брзо со останатите.

Според експертите ова е ментална болест како анорексија и посттрауматски стрес , што може да биде дијагностицирана по ред симптоми.

Еве ги најчестите од нив:

1. Се чувствувате непријатно, ако немате постојан пристап до телефон.

2. Се лутите, ако не можете да ја најдете бараната информација кога ќе побарате.

3. Паѓате во ужас кога ќе ви се истроши батеријата.

4. Истото се случува и ако го пречекорите лимитот за одредени услуги.

5. Постојано гледате во телефонот дали може да се фати некаде бесплатно интернет.

6. Имате постојана потреба да гледате во екранот за некакви известувања или вести.

7. Се грижите дека роднините и пријателите не можат да ве добијат во моментот.

8. На секои неколку минути ги проверувате социјалните мрежи само од навика.

9. Запаѓате во ужас, ако немате постојан пристап до вашиот e-mail.

10. Немате поим што да правите, ако телефонот не е во ваши раце.