Здравствени проблеми според хороскопските знаци

1122

Хороскопот може да нѝ ги открие предиспозициите за некои одредени физички проблеми кои не треба да се игнорираат.

Овен

Филозофската природа на Овните укажува на наклонетост кон болестите поврзани со главата, од обичните главоболки преку чкрипење со забите, па сѐ до осипите и црвенилото на лицето предизвикани од грижите, сѐ под влијание на владетелот Марс.

Бик

Венера, владетелот на Бикот ја контролира работата на грлото и вилицата, а исто така и производството на инсулин. Затоа Биковите обично го напаѓаат воспаленија на грлото, вкочанетост на вратот и проблеми со тироидната жлезда, а не се ретки ниту инфекциите и воспаленијата на увото.

Близнаци

Меркур е владетел на Близнаците и под негов надзор се мускулите и дишењето. Како што се темпераментни, наклонети се на хронична кашлица, бронхитис и настинки, а не ги заобиколуваат ниту болоките во рамењата и воспаленијата на тетивите. На Близнаците им се препорачува да избегнуваат престој во зачадени простории и се разбира, пушење.

Рак

Месечината владее со Ракот, затоа не е чудно што Раковите се многу емоционални и чувствителни на проблемите, што предизвикува болки во стомакот и варењето. Кога се лути или тажни, се зголемува гастричниот рефлукс и почнуваат проблемите со варењето на храната.

Лавот

Со Лавот владее Сонцето, па најчесто се јавуваат проблеми со срцето и циркулаторниот систем (циркулацијата на крвта), како и болки во грбот. Се препорачува да се внимава и почеста проверка на нивото на холестеролот.

Девица

Меркур владее и со Девица, како и со Близнаците, но кај нив тоа се манифестира во варењето на храната. Честите проблеми се со запекот, алергиите на храна, болките во желудникот и чиревите, па се препорачува здрава и урамнотежена исхрана.

Продолжува на страна 2