Речиси секоја мајка го знае проблемот – детето никако не може да ги научи добрите манири на маса, па неретко се случува да тропа со чашата, да гребе со виљушката или да ја чепка храната како да е нешто грозно.
Француските родители не го толерираат ваквото однесување и затоа од најмала возраст ги учат своите деца на добри манири и култура на маса.
Тие ги користат следниве правила
- Родители, единствено вие сте одговорни за едукацијата на вашето дете поврзана со храната. Не го оставајте тоа на некој друг.
Храната не е играчка, награда, не е средство за утеха, ниту за подобрување на расположението. Не ја користете така.
- Што ќе се јаде и кога, одлучува родителот. Децата јадат исто, без посебно подготвени рецепти за нив.
Храната е комуникација. Јадете барем еднаш во денот сите заедно седнати околу масата.
- Разновидното мени е клучно. Не го гответе истиот ручек повеќепати неделно.
Јадењето не мора да им се допадне на децата, но мораат барем да го пробаат.
- Без повеќе од една ужинка во денот! Нормално е детето да е гладно 20 минути или половина час пред оброкот.
Гответе и јадете без брзање.
- Јадете вистинска, домашно зготвена храна, не пластика без вкус.
Поставете правила – не догма. Од време на време, тие може да се прекршат. Храната би требало да е задоволство, не да предизвикува стрес.



















