Животна приказна | Шерон Стоун – Суровата страст на пустинскиот цвет | Фото/Видео

10162

Жена со ниски страсти и најинтелигентна актерка на светот Шерон Стоун, три пати мажена, два пати верена, била во врска со многу влијателни луѓе, посвоила три сина, изгубила старателството на еден од нив, преживеала два спонтани абортуса и мозочен удар …

Животот на актерката Шерон Стоун е разбрането море изложено на ветришта кои безмилосно ја шибаат. Сѐ што во текот на овие педесет и осум години ја снашло некој не би преживеал ни ден на земјава. Во инает на сите битки, од кои најчесто излезгувала како губитник, згазена и оставена, не дозволувала да се откаже и отпочеток се дигала во однапред загубените битки.

По снимањето на филмот Ниски страсти буквално го иамаше целиот свет под нозе, но ниту тоа ѝ донесе мир, туку новипредизвици на кои храбросе спротивставувала. Шарон и денес, без оглед на она тоа што е влезена во шеесетата деценија, вниманието на публиката во голема мерка го привлекува со заводливиот изглед. Признанијата за нејзината убавина, на некој начин се официјално признати со тоа што списанието Peopleја вклучи меѓу 50 најубави жени во светот, а Empire во 100 најсекси актерки во историјата на кинематографијата.

Шерон Стоун е родена на 10 март 1958 година, во малото индустриско градче MIDVILLE, во американската држава Пенсилванија како второ од четирите деца на фабричкиот работник Џозеф Стоун и општинскиот сметководител Дороти. Била воспитана во либерален дух, но слободите кои ѝ биле достапни не ги практикувала. Била многу приврзана за својот татко кој со неконвенционално воспитување уште од рана возраст ја учел да биде свесна за своите способности, ако сака да направи нешто повеќе во животот. Всушност, таа воопшто не била просечнодете. Прозборела многу рано, во предучилишниот период самата научила да чита и пишува, и покажувала интерес за различни работи.

Во однос на денешнината, кога ужива статус на ѕвезда, додека била девојка имала многу тешкотии да стекнува пријателства и да наоѓа друштво за игра. Врсниците не ја разбирале, бидејќи за нив школувањето претставувало нужно зло, а за неа сè. Не е ни чудо, бидејќи нејзината биографија недвосмислено потврдува дека убавината која ја поседува не е без интелектуална поддршка.

Таа е член на Менса, Здружение на најинтелигентните луѓе во светот, со коефициент на интелигенција од IQ 154, со што официјално е најпаметната актерка во светот.

Шарон била најдобар студент во училиштето, далеку понапред од нејзината генерација, поради што била префрлена на своја петнаесетгодишна

возрастнаУниверзитетот Edinboro, каде што студирала литература и уметност. Сепак, таа никогаш не дипломирала, но во 2007 година, кога го посетилафакултетот доделен и е почесен доктор. Причина за напуштање на студиите веројатно е сонот од детството да биде актерка. Секогаш сакала да биде новата Мерилин Монро. Патеката кон славата ја побарала на локалниот натпревар за убавина, каде што само неколку месеци пред полнолетството ја понесе лентата на најубава. За време на церемонијата била забележана од скаутите на модната агенција Форд кои набргу ѝ обезбедиле прв манекенски ангажман.

Благодарение на режисерот Вуди Ален 1980 година модната писта ја заменила со филмскиот свет. Вуди ѝ ја даде првата улога во реализација на Stardust memories. За неа, тоа е понуда која не се одбива, иако пред камерите не кажала ниту еден збор. По завршувањето на ангажманот заминала за Европа, со цел да се здобие со филмско образование и да ја обиде својата среќа таму. Но, не добила вистинска можност и главно играла во филмови од Б производство.

– Тоа беше мојот избор, бидејќи јас не сум склона на компромиси. Со текот на годините научив дека тоа сепак морам да го работам, но најчесто се покажува дека не сум во право кога ќе се откажам од своите принципи – рече актерката.

По враќањето во Америка, нејзината кариера е на нагорна линија, и тогаш ја добива првата сериозна улога во хорор филмот на Вес Крејвен Deadly blessing. Успехот во работата се одразил и во нејзиниот приватен живот, а во 1984 година се вети на верност на продуцентот Мајкл Грибурн, но ова не е нејзин прв брак. Прв пат се омажила со продуцентот Џорџ Енгуланд Џуниор, иако деталите од нивната романса никогаш не биле обелоденети на јавноста. Од друга страна, Мајкл никогаш не го криела иако и за нивната љубов нема многу информации. Се запознале за време на снимањето на филмот The Vegas Strip War, и ги сметале за многу заљубени партнери, но нивната страст набрзо согорела. Се развеле по три години, а постапката разводот е завршена дури 1990 година. Холивуд ечел од тоа што двојката речиси се степала пред адвокатите и судиите, така што на сите им олеснало кога ги потпишале документите за развод.

Деведесеттите години на минатиот век, кои Шерон ја обележаа како актерка, но највеќе како фатална жена, ги започна со насловната страница на списанието Плејбој што и ги отвори вратите на некои филмски студија. Ова ѝ донесе и скептицизам кај филмските критичари на кои често им била цел. Не ја штеделе, а речениците со кои ја опишувале нејзината работа, најверојатно, нејзините колеги би ги натерале да се откажат од својата кариера. Сепак, тука станува зборза Шерон Стоун.

Таа не им давала важност на мислењата на оние чиј коефициент на интелигенција не може да и парира. Вербата во себе ја доведе до пресвртна точка. Бидејки актерките Мишел Фајфер и Џулија Робертс ја одбиле понудата на режисерот Пол Верховен, на Шерон ѝ падна лажицата во мед. Заигра со познатиот Мајкл Даглас во психолошкиот трилер Ниски страсти, а улогата на Кетрин Tarmel ѝ донесе светска слава.

Ова е еден од највлијателните филмови на деведесеттите години. Сцената на местото на настанот во полициската станица кога Шерон Стоун седи со прекрстени нозе во краток фустан, под кој не носи долна облека, е класифицирана како култна. Во многу земји, филмот е прикажан во цензурирана верзија, но е предвесник на нов третман на сексот на големиот екран, а Шерон фаталната жена секој ја сакаше поред себе.

Сепак, наскоро таа открива дека се верила со продуцентот Вилијам Ј MekDonadкој ја напуштил својата жена за неа, но тие се развеле следната година баш поради нејзината афера со продуцентот Боб Вагнер. Неколку месеци подоцна, тие, кои жолтиот печат ги нарекува прељубници, исто така, најавија веридба, но раскинаа по неколку недели подоцна.

– Секој маж во Холивуд може да ме има во колку јас тоа го посакам. Не, изменете го тоа во во “секој маж на овој свет“ – изјавила своевремено, а ова е нејзината најчесто цитирана изјава. И била во право, секого кого посакала го имала, но во нив никогаш не нашла она што барала.

На нејзината листа на љубовни партнери се нашле и принцот Алберт Втори од Монако, поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, како и актеритеЏерард Лето, Расел Кроу, Дејвид Духовни и Кристијан Слејтер.

Статусот на ѕвезда, на посакувана жена и сѐ она што ѝ донесе филмот Ниски страсти паднаа во сенка по улогата во филмот на Мартин Скорсезе Казино во која таа ја игра сопругата на мафијаш чиј лик го играше Роберт де Ниро. Тогаш се докажа како одлична квалитетна актерка. За улогата доби Златен глобус и беше номинирана за Оскар, а во својата богата кариера, добила и три Малини, последна за улогата во неуспешното продолжение на Ниски страсти.

Третиот појавување пред матичар се чинеше како екстремно исправно решение, бидејќи нејзината врска со уредникот на San Francisco cronicle Фил Бронштајн делувала како дефинитивен крај на својата напорна потрага по идеален маж. Се ветиле на љубов на 14 февруари 1998 година, а две години подоцна го посвоиле синот Роан Јосиф. Идилата траела пет години, но Шарон не е жена во чиј живот среќата се подразбира. Сите подеми и падови кои ги оставила зад себе ѝ се вратиле со потсмев да ја дотепаат. Сите сакаа мит за неа, но ниту еден од јаките мажи на кои им давала дел од срцето не ја сакале вистинската, туку филмската хероина. Била одличен пример за фалење меѓу пријателите, но не како со некоја со која би сакале да живеат до крајот на својот живот. Најверојатно поради тоа што била силен партнер-противник. Убава, натпросечно интелигентна, богата и славна не се вклопувалаво класичниот стереотип на жена.

Две години по разводот од кој едвај се соземала следи нов шок. Усвојувањето на нејзиното прво дете е исполнување на сите желби и надомест за абортусите низ кои поминала со цел да се реализира како мајка. Всушност, неодамна ја шокирала светската јавност со признавање дека многу сакала деца, меѓутоа два пати имала спонтан абортус, двата пати на крајот од петтиот месец. Не открива кои биле татковците, но ја поделила личната трагедија со изјавата дека нејзините деца умреле, а таа морала да се подложи на операција како и самата не би умрела. Недостатокот на биолошки деца го надокнадила со посвојување така што, кога го изгубила целосното старателство над синот, кој со нејзиниот поранешен сопруг го усвоиле како бебе, тоа го доживува како да живеела во деветтиот круг на пеколот.

– Мислев дека никогаш нема да се опоравам. Но по некое време повторно бев добро. На хуманитарни настани се качував на сцена, луѓето гледаа во мене, а јас гледав во подот и се молев во себе Бог да ми даде сила – изјави Шерон, која неодамна доби дозвола од судот да посетува синот.

Сепак сонцето повторно ја огреа 2005 година, кога е завршена процедурата за усвојување на нејзиниот втор син Ларид Вон Стоун, а неколку месеци подоцна и третиот син Квин Кели Стоун со кој денес живее во вилата на Беверли Хилс. Во последниве години, сѐ повеќе и повеќе е присутна во областа на хуманитарната работа, и често може да се види на аукции во кои се собира пари за сиромашните, земјите во развој, или за научни истражувања во фармацијата за лек против СИДА-та.

Во американската јавност се има истакнато и со својот делумен политички ангажман, односно со своите смели критики на сметка на американската администрација и нејзиниот однос спрема земјите од арапскиот свет.

Playboyја рангира меѓу 25 најсекси актерки на дваесеттиот век, тоа го стори и списанието Empire, а доделена и е награда од National Center for Lesbian Rights Spiritза активизам во борбата за правата на Lesbian, gay and HIV/AIDS community. Се разбира, нејзиниот сексипил бил предмет на желби на сите, па поради нејзините неуспешни бракови и врските со хомо и хетеросексуалците водена е расправа дали е геј или не.

– Секој е бисексуалец до одреден степен. Сега и дамите се однесуваат какомажи, ајас ги сакам луѓето на старомоден начин. Ми се допаѓа машкостта, а денес жените се тие кои се мажествени. Јас сум стрејт, но тоа навистина не значи ништо – рече таа.
За разлика од повеќето холивудски колеги, оваа секс-бомба, како што е општо познато, добро ги поднесува годините без ботокс, затегнување на лицето и силикони.

– Често се прашуваме: Колку сум несакана? Дали сум премногу висока, премногу ниска, премногу слаба, плавуша или кафеава. Кога единственпат во мојот живот добивинекција во усните, изгледав како пастрмка и тогаш се заколнав дека нема да имам пластични операции. Сѐ уште носам бикини, а ќе носам кожни панталони и кога ќе имам 70. Тоа е мојот стил и така се чувствувам добро. Тоа нема да го менувам – објасни холивудската ѕвезда која поради стереотипот како паметта и убавината не одат заедно често пати била во тешка психичка криза, бидејќи не сакала да ја доживуваат само како убава.

Поради фактот дека го користи сопствениот мозокотсекогаш имала проблеми, а често со своите изјави умеела да растресе јавноста. Ова го направила2008 година на филмскиот фестивал во Кан, кога кажала дека Кина со угнетувањето на Тибет привлекла врз себе проклетство, затоа земјата ја има погодено катастрофаленземјотрес во кој загинале повеќе од 70 илјади луѓе.

По нејзината изјава кинеските власти ги забраниле сите нејзини филмови, а модната куќа Christian Dior, каде била заштитно лице ги откажала нејзините ангажмани затоа што Азија им е огромен пазар. На нејзиниот став кон животот судбоносно влијание има здравствениот проблемод 2001 година. Тогаш доживеала благ мозочен удар, кој го преживеала без последици. Очигледно ова ја има охрабрено да се сврти кон духовниот живот. Расчистила со контроверзната Црквата на Скиентологијата чиј била верник и преминува во будизам. Во неодамнешното интервју која го дала објаснила дека тоа и донело мир, но дека сѐ уште го нема спокојот на вистинскиот.

– Љубовта и животот се како океан. Понекогаш е плима, понекогаш осека, а понекогаш делува како проклетата пустина Мохаве. За среќа, јас сум пустински цвет, но тоа не ми пречи многу. Нон-стоп ми се спуштаат дваесетгодишници. Тоа е веројатно затоа што знаат дека во мојот фрижидер има храна и затоа што мислат дека сум некој кој ќе ги сослуша нив и ги праша како го поминале денот –кажа жената која на еден или друг начин влијае на милиони луѓе, но на патешествието наречено животот сѐ уште не успеала да го најде саканиот мир.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.