8 цифрени конфигурации, важни за секоја врска

114

Како би се чувствувале ако омилениот го заборави вашиот роденден или полошо – годишнината?

Врските се држат на љубов, разбирање, доверба, почит, чувство на сигурност и т.н., но се чини дека има неколку бројки, кои исто така можат да го дефинираат развојот на односите за во иднина.

Дури и да не сте од најпознатите “памтачи“, трудете се никогаш да не го заборавате следново:

Првата романтична средба – тоа е обичен спомен, кој сигурно сте го раскажувале на десетици луѓе, а и никогаш не се спречувате да се навратите со милост кон него.

Кога ви предложи брак – свршувачката не е како свадба, но пак е важен настан кој ја исполнува секоја жена со романтични мисли. А, и може да се јави потреба да го потсетите, во случај дека венчавката се забави доста со годините.

Датумот на свадбата – можеби ја пишува од внатрешната страна на бурмата, но може и да не е така. А, сепак во денот, во кој ќе заборавите, кога сте му рекле “да” со сето свое срце, најверојатно е дојден и крај на љубовта.

Неговиот роденден – најверојатно ќе му го извадите низ нос со месеци, ако тој заборави на вашиот, па не запаѓајте и вие во таква непријатна ситуација.

Колку години има – велат дека возраста е само бројка, но најверојатно тој би се навредил, ако се замислите за неговата, особено јавно.

Телефонскиот број – сепак на кого се јавувате најчесто?

Колку години сте заедно – деновите и месеците не се толку важни, но треба да знаете од кога сте заедно. Тоа е често поставувано прашање од луѓе со кои се познавате од неодамна и ако се заплеткате со одговорот, може да западнете во конфузна ситуација.

Неговиот конфекциски број – станува збор за овој на облеката и постелнината. Сигурно во даден момент ќе посакате да го израдувате со некој подарок и би било добро да го погодите вистинскиот број.