Знаци дека повторно сте подготвени за врска

101

Нормално е да земете одмор по разделбата. Времето што ви треба за да се ослободите од претходната врска и да започнете одново е индивидуално за секој.

Често по разделувањето ни се наметнува да се справуваме со болни чувства. Можеби имате негативни мисли и грижи за себе? Или пак имате потреба од време, во кое едноставно ќе страдате и да ја пеживеете својата тага?

Се поминува! По време ќе сфатите дека се поретко се сеќаваме за него/а, дека сте ги надминале сите непријатни чувства дека разделбата ве направила посилна.

Но, како да се разбере дека веќе сме подготвени повторно да почнеме да излегуваме на средби? Еве и 5 сигурни знаци дека е време да се отвори срцето за нова љубов:

1. Не се плашите да бидете сами

Да немате партнер не е најлошото нешто што може да ви се случи. Многу луѓе се плашат да останат без партнер, затоа често не ставаат крај на врски во кои се несреќни. Треба да се чувствувате сосема удобно во сопствената кожа и да извлече придобивките од тоа.

2. Знаете што сакате и што не

Веќе сте свесни за она што го сакате од идниот партнер и со што не би направиле компромис.

3. Ги научивте лекциите од разделбата

Може да признаете дека сте направиле некои грешки кои доведоа да разделбата . Знаете зошто дошло до тука и како не би постапиле во иста ситуација.

4. Сте простиле и на себе и на претходниот партнер

Додека ги криете лоши чувства кон себе и поранешниот партнер, никогаш нема да може да продолжите напред. Затоа е исклучително важно да простите и на себе и на партнерот за сите нешта кои ви донеле болка.

5. Веќе не ја барате љубовта

Велат дека кога ќе престанете да ја барате љубовта, таа сама ќе ве најде. И ние сме целосно согласни со тоа. Започнете да го правите она што го сакате вистински, и таа ќе се појави. Само бидете трпеливи, бидејќи за убавите работи понекогаш се бара време.