Страста нè тера да сакаме да го истражиме секој агол од телото на партнерот. Предиграта претпоставува допир, бакнување и стимулирање на секоја ерогена зона, за која ќе се сетите.
Да, меѓутоа не секогаш се сеќаваме за секое катче од телото на саканиот или саканата. Се фокусираме главно на гениталиите, градите, вратот, стомакот. Ова се стандардните ерогени зони на кои речиси секој човек сака да биде допрен.
Но, има и такви кои често ги забораваме, а тие носат понекогаш дури поголема радост од стимулирање на тривијалните секому познати ерогени зони. Кои се тие?
Долната страна на задникот
Овој дел од телото е богато снабден со периферни нерви. Допирот дава неверојатни чувства, особено за жените, но и за мажите. Ако сакате да ја возбудите до бескрај нежната партнерка, допирајте ѝ ги или бакнувајте бутовите додека не стигнете до долниот дел на задникот. Потоа фокусирајте се на оваа зона. Ефектот ќе биде прекрасен.
Под градите
Градите не се особено чувствителни кај некои жени. За сметка на тоа областа под нив најчесто е. Затоа пробајте да ја милувате својата дама таму. Ќе познаете по нејзините облини. Ако таа одговори соодветно на тој допир, значи треба да го правите секој пат. Ќе ѝ овозможите големо задоволство!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















