Свивките на колена
Малку луѓе би се сетиле за овој дел од телото. Тој сепак е многу чувствителен. Кожата таму е многу тенка, а тоа ги прави чувствата многу заситени. Вклучете ја задната страна на колената во љубовната игра и нема да жалите, како и партнерот.
Свивките на лактите
Свивките на лактите, слично на оние на колената, исто така се многу чувствителни. Допирот ја прави љубовната игра навистина страсна. Така ќе го одложите очекувањето на партнерот или партнерката и ќе го натерате да погодувате каде ќе се упатат јазикот и прстите потоа.
Задниот дел на вратот
Обично се фокусираме врз вратот на партнерот или партнерката, од проста причина што овој дел е достапен. Но за да ја направите играта уште позабавна и нестандардна, со едно движење контактирајте го партнерот на стомак и продолжете со бакнежите кај задната страна на вратот.
Токму под косата скалпот е богато опремен со нерви, кои ќе донесат вистинска наслада на партнерот. Потоа продолжете по грбот и спуштете се надолу. Чувството ќе биде незаборавно.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















