Сара Реј (29) од Тенеси може да се пофали дека на својот посебен ден испаднала вистински херој!
Оваа медицинска сестра која работи во Итната помош заминала од сопствената венчавка облечена во венчаница, за да им помогне на баба ѝ и татко ѝ кои доживеале сообраќајна несреќа на пат кон свадбата.
Сара веројатно се надевала дека на денот на венчавката ќе има слободен ден и нема да мора да спасува луѓе по сообраќајни несреќи, што е инаку нејзино секојдневие, но судбината имала поинакви планови. И така Сара, со сопругот и колега, медицинскиот техничар Пол, во венчаница истрчала до местото на сообраќајната несреќа.

Во несреќата учествувале нејзиниот татко и баба, а за среќа никој не настрадал. И двајцата добиле полесни повреди и веднаш биле пренесени во болница, а Сара стана херој на социјалните мрежи. Сепак, таа не се согласува со таа констатација.
– Слушам дека многу луѓе го користат зборот „херој”. Мислам дека сепак ова не беше херојски чин. Тоа едноставно би го направил секој кој би се нашол во близина на несреќа – рекла скромната Сара.
Таа објаснила дека сето тоа е составен дел од нејзината работа и дека и порано се случувало надвор од работното време да наиде на сообраќајна несреќа, да застане и да помогне додека не дојде Итната помош.
„Само овојпат се погоди да бида облечена во венчаница“, рекла таа.

Пол, кој сепак успеал да дочека невестата да се врати од теренот и да го изговори судбоносното „да“, е воодушевен од нејзината постапка, но и од фотографијата која притоа настанала.
– Мислам дека фотографијата е прекрасна! Ова дефинитивно беше венчавка за паметење. Секако, ужасно е тоа што воопшто дојде до несреќа, но се ќе биде во ред, па така сега можеме да се насмееме кога ќе ја погледнеме фотографијата – рекол Пол.



















