Во октомври, традиционално се посветува поголемо внимание на ракот на дојка, најчеста малигност која ги погодува жените.
Благодарение на се подоброто дијагностицирање и новите терапии, стапката на лекување на рак на дојка се зголеми, но неговото рано откривање продолжува да игра клучна улога.
Секоја жена треба да оди на редовен ултразвучен преглед на дојка по 25-та година од животот, а по 40-та година на редовна мамографија.
Исто така е важно секоја жена да ги прегледува своите гради еднаш месечно и да го известува лекарот за какви било промени, а лекарот ќе одреди дополнителни тестови.
Симптоми на рак на дојка можат да бидат:
- * грутка во градите или задебелување што е различно на допир од другите ткива,
- * промени во големината, обликот или изгледот на градите,
- * промени во кожата на градите или вдлабнување,
- * неодамна вовлечена или испакната брадавица,
- * лупење и перутење на кожата околу брадавицата или кожата на градите,
- * чешање и / или исцедок од брадавицата,
- * црвенило или брчкање на кожата на дојката (како кора од портокал),
- * болка и непријатност во градите кои не поминуваат,
- * оток или испакнатина во областа на пазувите.
Ако забележите грутка или каква било промена на градите, дури и ако мамографскиот преглед бил во ред, контактирајте го вашиот лекар без одлагање. Ракот на дојка најмногу ги погодува постарите жени, повеќето пациенти се дијагностицирани по педесет годишна возраст, но кај една од пет жени се дијагностицира рак на дојка пред педесеттата година. Мажите исто така можат да имаат рак на дојка, но поретко и тоа опфаќа околу 1 процент од сите случаи на рак на дојка.
Годишно, 1,7 милиони жени ширум светот се дијагностицирани со рак на дојка, а се проценува дека во развиениот свет, една од осум жени ќе заболат од рак на дојка за време на нивниот живот. Во Европа, ракот на дојка се дијагностицира на секои две минути, а на секои шест минути, за жал, една жена умира од тоа. Но, ракот на дојка, откриен на време, денес е скоро целосно излечлив.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.