Лекарите откриле како да го намалат ризикот од враќање на ракот на дебелото црево за дури 28%

790

Резултатите покажале дека пациентите кои примале хемотерапија дури и пред операцијата имале помали шанси за враќање на ракот.

Експертите ја поздравиле „одличната“ нова студија која покажува дека хемотерапијата дадена пред операција за рана фаза на рак на дебелото црево го намалува ризикот од враќање на болеста за 28%.

Студијата финансирана од Cancer Research UK сугерира дека пациентите со рак на дебелото црево може да имаат подобри резултати во зависност од тоа како примаат хемотерапија.

Сега т.н „Заштитна“ хемотерапија се дава по операција (во рок од три месеци од операцијата) и ја намалува можноста болеста да се врати, пишува порталот Plivazdravlje.

Според новиот режим, пациентите треба да примаат хемотерапија шест недели пред операцијата, а уште 18 недели по неа, за да имаат поголеми шанси да ја победат болеста, велат авторите на студијата.

Испитувањето FOxTROT го водеа универзитетите во Birmingham и Leeds и опфатило 1.053 пациенти во 85 болници во ОК, Данска и Шведска.

Резултатите покажале дека хемотерапијата спроведена пред и по операцијата го намалува ризикот од враќање на болеста за 28% во рок од две години во споредба со групата која примала хемотерапија само по операцијата.

За време на траењето на студијата, првата група примала хемотерапија шест недели пред операцијата, а потоа 18 недели по неа. Втората група го примила вообичаениот курс на хемотерапија, 24 недели по операцијата.

Резултатите покажале дека пациентите кои примале хемотерапија дури и пред операцијата имале помали шанси за враќање на ракот.

Научниците веруваат дека таков пристап би можел да биде прифатен во Велика Британија и во целиот свет во корист на стотици илјади пациенти кои страдаат од оваа форма на рак секоја година.

Д-р. Laura Magill, професорка која учествувала во клиничкото испитување во Birmingham, рече дека секој трет пациент со рак на дебелото црево може да се соочи со повторување по операцијата. Тој број е превисок и мораме да прифатиме нови стратегии за да го спречиме враќањето на ракот на дебелото црево.

Во испитувањето, 699 пациенти примиле хемотерапија пред операцијата.

Професорот Matthew Seymour од Универзитетот во Leeds истакнува дека „времето е сè кога е во прашање лекувањето на ракот на дебелото црево“. Хемотерапијата пред операција може да спречи повторување на ракот без употреба на скапи нови лекови или технологии.

Посебно е охрабрувачки што пациентите кои примале хемотерапија пред операцијата имале помалку оперативни компликации, рече Seymour, кој верува дека таквиот третман, доколку се прошири низ целиот свет, вклучително и во земјите со низок и среден приход, може да спаси илјадници животи.

Научниците спроведуваат две нови клинички испитувања FOxTROT-2 и FOxTROT-3 за да истражат дали таквата стратегија функционира и кај постари пациенти.

Секоја година се дијагностицираат околу 2 милиони пациенти со рак на дебелото црево, покажуваат податоците на Светската здравствена организација, што го прави овој облик на рак на трет најчест во светот.

Genevieve Edwards, извршен директор на Фондацијата за колоректален рак, вели дека веста е „фантастична“ бидејќи носи нов потенцијал. По едно лице умира од рак на дебелото црево на секои половина час во Велика Британија, рече таа.

Истражувањето е објавено во Journal of Clinical Oncology.