Ова е најбрзиот објект направен од човекот, но тоа не е сѐ, ќе биде уште побрз | Видео

665

Соларната сонда Parker на NASA се движи низ вселената со рекордна брзина, а со собирање невидени податоци од надворешната корона на Сонцето, ги поместува границите на науката.

Соларната сонда Parker на NASA постигна свој рекорд како најбрз објект направен од човекот. Сондата патувала со брзина од 635.266 km/h на 29 јуни, втор пат кога ја достигнува таа брзина од нејзиното лансирање во 2018 година. Станува збор за брзина која е околу 500 пати поголема од брзината на звукот.

Сондата Parker се очекува да продолжи да забрзува и се предвидува дека ќе достигне максимална брзина од околу 692.000 km/h до 2025 година, за време на најблиското прелетување на Сонцето. На Земјата, на пример, таа брзина би била доволна за да се патува од Вашингтон до Токио за помалку од една минута.

Сондата се потпира на помошта на гравитацијата на планетата Венера за да ја одржи својата брзина и ја користи за да орбитира околу Сонцето. Во април 2021 година, соларната сонда Паркер го „допреСонцето, собирајќи примероци од плазмата и мерејќи ги промените во магнетното поле. Сега го заврши својот 20-ти пристап, на 7,26 milion/km од површината на Сонцето. Целта на сондата е да дојде на 6,12 milion/km  од површината на Сонцето.

Сондата Паркер е изградена да издржи екстремни услови, со композитен штит од 11,4 cm кој може да издржи температури од речиси 1.371°C. Оваа сонда собира непроценливи податоци од Сонцето, кои се недостапни за научниците при набљудувањата од Земјата.

Порано се сметало капакот на бунарот за нуклеарно тестирање, лансиран со околу 240.000 km/h со детонација на подземна бомба, го држи рекордот за најбрз вештачки објект.

Извор: Science Alert