НОВА КАТАСТРОФА НА ПОВИДОК | Поради осцилацијата на Месечината, ќе имаме невидени плимни поплави? “Веќе е започнато, а ќе биде бетер. Кулминацијата допрва доаѓа … “

209

Месечината редовно го менува својот агол во однос на екваторот, но сега оваа флуктуација е поврзана со зголемувањето на нивото на морето поради глобалното затоплување.

Во средината на 2030-тите години научниците предвидуваат дека би можело да дојде до нагло зголемување и зачестеност на плимните поплави во неколку делови на земјата, се вели во извештајот објавен во Nature Climate Change од тимот на NASA за промена на нивото на морето при Универзитетот на Хаваи.

“Ќе имаме своевиден двоен удар”, изјави William Sweet, океанограф од Националната администрација за океани и атмосфера (NOAA) и автор на студијата. “Ова значи дека крајбрежните заедници – освен ако не се прилагодат и зајакнат – веројатно ги очекува уште поголеми поплави од вообичаените”, пренесува Washington post.

Редовен циклус во време на глобално затоплување

Зголемувањето на поплавите е делумно предизвикано од месечевата осцилација. Како што кружи околу Земјата, аголот на нашиот природен сателит во однос на екваторот се менува со текот на времето. Овој феномен – кој трае 18,6 години – влијае на плимата и осеката.

За време на средината на циклусот, Месечината ја “задушува” плимата и осеката, правејќи ја плимата пониска, а осеката повисока. Другата половина ги засилува.

Овој последен дел, во комбинација со зголемувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени, ќе доведе до големи поплави во следните две децении, заклучува студијата.

За да се објасни оваа појава, еден од авторите на извештајот, Gary Mitchum, продекан на Факултетот за поморски науки на Универзитетот во Јужна Флорида, го спореди со лице кое прска вода во када. Иако водата не може да се прелее веднаш, веројатноста се зголемува кога ќе се додаде повеќе вода.

“Малиот бран е плима, а количината на вода во кадата е зголеменото ниво на морето”, рече Mitchum. “Двете се целосно неповрзани. Но, комбинацијата значи дека почесто ќе се излива водата ако имате и поголем бран и повеќе вода”.

“Веќе е започнато, врвот ќе се достигне кон 30-тите и 40-тите години”

Според студијата, најизразените ефекти на оваа комбинација ќе бидат забележани кон средината на 2030-та и сѐ до 2040-та година, кога лунарниот циклус повторно се менува. Сепак, некои влијанија веќе се чувствуваат.

“Тоа веќе се случува сега и веројатно ќе се влошува како што одминува времето”, рече Sweet.

Крајбрежните излевања на водата поради плимните бранови редовно се случуваат во крајбрежните градови. Сепак, извештајот на NОАА во САД забележува дека плимните поплави се зголемуваат.

Од мај 2020 година до април 2021 година, некои градови долж бреговите на Југоисточен Атлантик поставија или изедначија рекорди за количината на поплавување во плимн услови, според NОАА.

Зголемувањето на плимните поплави е тренд што се очекува да продолжи, се вели во извештајот на NОАА. До 2030 година се очекуваат седум до 15 дена вакви поплави на национално ниво. Две децении подоцна, проценките покажуваат дека тоа може да биде во просек од 25 до 75 дена во годината.

Мал проблем што постојано се повторува …

Овие поплави се многу повеќе од само непријатност, посочува Phil Thompson, директор на Универзитетот на Хаваи, од Центарот за ниво на морето, што исто така бил дел од студијата.

“Може да имате ситуација кога на една компанија може да ѝ се поплави паркинг 10 или 15 пати месечно – тоа веќе не претставува непријатност. Тоа е значително економско влијание врз таа компанија и сите луѓе кои работат таму”, изјави Thompson. „Тоа е всушност кумулативно влијание на многу, навидум помали проблеми. Но, кога помалите проблеми се случуваат хронично, станува поголем проблем“.

“Иако предвидувањата изгледаат мрачни, истражувачите велат дека не може многу да се стори, има некои мерки што можат да се преземат”, додава Ben Hamlington, шеф на тимот за промена на нивото на морето на NASA.

На краток рок, локалните заедници треба да се прилагодат на променливите услови на животната средина и да ги ограничат влијанијата на покачувањето на нивото на морето. На долг рок, тој рече дека глобалната заедница мора да најде начини за ублажување на климатските промени.

„Целта мора да биде обидот во ограничување на глобалното затоплување и да се намали зголемувањето на нивото на морето – на пример, со намалување на емисиите – за да се намалат некои од тие влијанија“, заклучува на крајот Hamlington.

.