Повеќе секс, поголема плата

1092

Редовниот сексуален живот има позитивно влијание врз кариерата на човекот. Тоа го открија научниците од британскиот Универзитет Раскин.

Тие ги анализирале податоците на 7500 лица, споредувајќи ги нивните успеси во кариерата и редовните активности со секс.

Експертите дошле до заклучок дека оние кои редовно водат љубов, имаат стабилна плата, а оние кои тоа го прават поретко, имаат ниска.

Паровите кои практикуваат во креветот гимнастика два или три пати неделно, добиваат со 4,5% повеќе отколку помалку активните под покривката.

Авторот на студијата, д-р Ник Дридакис тврди дека сексуалниот живот не само што ги прави луѓето посреќни и позитивно влијае на здравствената состојба, но помага и за збогатувањето.

Кажано на обичен јазик, човекот кој е задоволен од својот интимен живот, се чувствува уверен и на работното место. Тој секогаш ќе се стреми да ја постигне поставената цел.