Хороскопски знаци кавгаџии

2191

Кога станува збор за расправии, секој хороскопски знак има свој начин на кој го покажува и искажува незадоволството.

Некои ќе викаат да ги чуе цело маало, други се муртат со денови, трети прават драма од сѐ, додека некои ја задржуваат сталоженоста и рационалноста.

ОВЕН

Како најкарактеристичен претставник на огнените знаци, Овенот има краток фитиљ кога се во прашање расправии. Во состојба е да се разбесни и за најмала ситница, а секоја критика ја доживува како напад и навреда на неговото его. Неговиот владетел Марс го прави нетрпелив и агресивен, но колку што брзо се разлутува исто толку брзо и простува. Неговите напади на бес се бурни. Тој ќе вика, ќе се вцрвени, ќе урла и веќе следниот миг ќе заборави на сѐ и ќе биде кроток како јагне.

БИК

Бикот е земјен знак и тоа го прави многу стрплив. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и „да му скокате на глава“, но не е баш така. Вистина е дека никој нема почелични нерви од Бикот, но откако еднаш ќе го поминете неговиот многу висок праг на толеранција, не е баш најпријатно да бидете во негова близина. Кога ќе му „пукне филмот“ следи ерупција и најдобро е да се тргнете од патот на лавата.

БЛИЗНАЦИ

Како воздушен знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Немаат напади на бес и паника, но кога се изнервирани му возвраќаат на противникот со добро смислени аргументи што удираат право во целта. Се расправаат шаховски и нема да дозволат некој да ги надмудри или искористи. Брзо им поминува лутината бидејќи се водат по разум и логика. Сепак, не забораваат брзо, особено ако ги навредите лично или нивните животни избори.

Продолжува на страна 2