ЈАРЕЦ
Дисциплинираниот и организиран Јарец максимално се контролира и се труди да не се разбесни. Ако не успее и му ја преминете границата, бидете подготвени да се расправате ако треба и со денови додека не го решите проблемот. Иако има нагон сѐ да биде по негово, подготвен е да направи отстапки за доброто на средината. Ако се почувствува загрозен знае да биде многу незгоден, а ако еднаш го навредите, тоа е крај на вашата врска со него.
ВОДОЛИЈА
Лесно се лути, ама и брзо заборава. Најмногу може да се изнервира ако некој се обиде да ѝ ја одземе слободата или ако се сомнева во неа. Имајќи предвид дека се убедени дека знаат сѐ, Водолиите сакаат да им солат памет на другите и се вешти манипулатори. Кога се повредени вешто го кријат тоа, но тоа е само затишје пред бура – тие ја кројат нивната одмазда.
РИБИ
Рибите се пречувствителни, сѐ сфаќаат лично и заради тоа често се муртат со часови, па и со денови. Често го менуваат расположението, не знаат точно што сакаат, па друг им е крив кога нешто нема да излезе како што им текнало во моментот. Најмногу се лутат кога некој сака да се меша во нивното носење одлуки. Главно потиснуваат сѐ во себе, па често се меланхолични и депресивни. Не се злопамтила, а ако им се извините, ќе ви простат.



















