Можеби не сте претпоставувале дека постои храна која ќе ве направи посигурни и ќе даде поттик на самодовербата, но факт е дека навистина има таква. Тоа е претежно храна која содржи аминокиселина наречена триптофан.
Токму таа дејствува речиси “магично”, со тоа што го зголемува нивото на серотонин во мозокот (тој ве тера да се чувствувате многу подобро).
Значи, ако сакате да бидете посигурни во себе, еве на кои храни е убаво да нагласите повеќе:
Темно чоколадо
Ако сте љубители на чоколадо, еве ви уште една причина да го засакате уште повеќе!Темното чоколадо ќе ве натера да се чувствувате среќни и исто така посигурни.Тоа провоцира одделување на ендорфин, кој, пак, ви дава чувство на среќа. Во црното чоколадо се содржи уште фенилетиламин, за кој се знае дека произведува серотонин.Покрај сето останато, потрошувачката на чоколадо може да го намали стресот и анксиозноста, што дополнително ќе ја стимулира вашата доверба.
Сирење
Да, тоа е многу калорично и понекогаш тешко од телото, но пак во него се содржи цинк, кој може да помогне за намалување на стресот и депресијата. Сепак не треба да претерувате со потрошувачката на сирење – тоа треба да биде во нормални количини, за да добиете повеќе од неговите придобивки.
Зачини
Лукот е исклучително здрава храна, чија редовна употреба може да ја стимулира загубата на тежина. Тој има позитивно влијание врз функциите на мозокот, што од своја страна може да натера човек да се чувствува уверен во себе. Слично на него, лавандата и маточината дејствуваат како антидепресиви и имаат позитивен ефект врз мозокот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















